понеделник, ноември 17, 2008

Блог (скратено од web-log што значи веб-дневник) е веб страна која:

  • се ажурира секојдневно или доста често со лично и некомерцијално потекло
  • користи формат на личен дневник со нови информации во врска со одредена тема или низа од теми
  • наменета е за читање од страна на широката јавност
Информацијата може:
  • Да ја напише сопственикот на веб страната
  • Да се преземе од други веб страни или извори
  • Да ја понудат други корисници
Карактеристики на блогот:
  • Форма на дневник
  • Секојдневни записи
  • Неформален стил
  • Податоци за број на посетители, прегледи, посети итн.

  • Авторот на еден блог често се нарекува блогер
  • Секоја личност може да има една или повеќе блог сметки(blog account) на еден блог сервис. Понатаму ќе го нарекуваме сопственик или user
  • На секоја блог сметка, секој сопственик може да креира повеќе блогови(blogs)
  • На секој блог, сопственикот може да објави повеќе теми за дискусија или постови(posts)
  • На секоја тема за дискусија, може да се оставаат коментари(comments) од различни групи на корисници, на пример: членови на група, регистрирани корисници на сметки на тој блог сревер, или било кој друг посетител на таа веб локација, а сето тоа во зависност од подесувањата од сопственикот на блогот.
Графички приказ











При отварање на нова сметка сопственикот треба да внесе:
  • Username- Корисничко име, кое се користи за било кое најавување за работа на блог
  • Password- Лозинка, потребна за најавување на блог серверот
  • Display name- Име за потпис, со кое ќе се потпишува сопственикот при најавување на таа сметка
Добродојдовте на Блогот на информатичари при ОУ„Димитар Македонски“-Скопје.