Програма за табеларно пресметување
Excel е програма за табеларно пресметување и спаѓа во групата на програми за канцелариско работење.
1. Активирање
* Start – All Programs – Microsoft Office – Microsoft Excel
* Датотеките во Excel се викаат работни книги.
* Секоја работна книга содржи три работни табели (sheet 1,2,3) кои се составени од мрежа на редици и колони.
* Пресекот на една редица и колона се вика ќелија или клетка.
* Адресата на една ќелија се формира од буквата од колоната и бројот од редицата.
* Податоци можат да се внесат само во активна клетка.
2. Навигација
* Помеѓу ќелите се движиме со помош на стрелките од тастатура, копчињата Home, Page Up, Page Down или со помош на глувче.
* Во ќелите можат да се впишат податоци, формули и функции.
* Вредноста на формулата или функцијата обично зависи од вредностите на други ќелии. Ваквиот начин на зависност се нарекува динамичко пресметување.
3. Корекција на грешки во пополнета ќелија е можно само ако курсорот го поставиме да трепка во ќелијата на еден од начините:
* двоен клик врз ќелијата,
* F2 од тастатура или
* директно пишување во лентата за формули и функции.